Search

Уште 26 лица се сместени во карантин во хотел „Молика“, капацитетот е исполнет

Во хотелот „Молика“ на Пелистер синоќа пристигна уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин. Лицата се од различни градови и истите се пристигнати на скопскиот аеродром со лет од Германија.

Во моментот во хотелот „Молика“ престојуваат 99 граѓани во организиран карантин, со што капацитетот на хотелот е исполнет.

Сите активности течат според пропишаниот протокол.

Треба да знаете
Последни објави