Search

Шпанија со помош од 700 милиони евра за закупците на станови

Шпанската Влада со пакет од 700 милиони евра сака  да им помогне на приватните закупци на станови за време на кризата предизвикана од коронавирусот и, најверојатно, ќе го прекине иселувањето и плаќањето наемнина за неколку месеци, наведе  денеска владин извор.

Мерките се очекува да бидат одобрени на утрешниот состанок на кабинетот. Државата ќе го прекине иселувањето на закупецот за шест месеци и ќе плати кирија за четири месеци за домаќинствата со ниски приходи погодени од пандемијата.

Станарите ќе треба да ја вратат наемнината за три до шест години, според нацрт-владиниот план, кој може да се промени пред одобрување. Директна помош до 600 милиони евра на станарите кои имаат потреба ќе биде обезбедена преку системот на јавно домување.

Сопствениците на недвижнини кои поседуваат осум или повеќе имоти треба да поднесат планиран четиримесечен мораториум за изнајмување.

Треба да знаете
Последни објави