Во Србија нови три смртни случаи

Српските власти соопштија денеска за уште три смртни случаи од новиот коронавирус во државата. Според нив, во изминатите 24 часа потврдени се уште 44 случаи на заразени со што вкупниот број е 785. Вкупниот број на починати од тој вирус во Србија е 16.

Хоспитализирани се вкупно 540 луѓе заразени со Ковид-19 од кои 62 лица се во критична состојба и се приклучени на респираторни машини.

Треба да знаете
Последни објави