Search

Распоред за исплата на пензии во Комерцијална банка

Со цел да се зачува здравјето на најранливата категорија граѓани – пензионерите, Комерцијална банка овој месец предвремено ќе ги исплати пензиите. ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ГУЖВИ И БЛИСКИ КОНТАКТИ, ТОА ЌЕ БИДЕ НАПРАВЕНО ВО ГРУПИ.

Пензионерите кои пензијата ја примаат во Комерцијална банка и имаат активна дебитна картичка, пензијата ќе ја добијат на 28 март. АПЕЛИРАМЕ сите пензионери кои имаат дебитна картичка или користат Интернет банка, своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и Интернет банка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

Пензионерите кои сакаат пензијата да ја подигнат на шалтерите, ќе може да ја подигнат согласно следниот РАСПОРЕД:

клиенти со пензија до 12.000 денари на 28 март (сабота) и 30 март (понеделник)

клиенти со пензија од 12.001 до 15.000 денари на 31 март (вторник)

клиенти со пензија од 15.001 до 19.500 денари на 1 април (среда)

клиенти со пензија над 19.500 денари на 2 април (четврток).

Со цел да се минимизира ризикот од ширење на вирусот, НАЈСИЛНО АПЕЛИРАМЕ ДА СЕ ПОЧИТУВА ГОРЕНАВЕДЕНИОТ РАСПОРЕД.

Пензионерите кои немаат дебитна картичка и заради тоа ќе мораат да ја подигнат пензијата преку шалтерите, при оваа нивна посета ќе можат во поедноставена постапка да побараат некоја од следните услуги со кои ќе ја намалат потребата од посета на банка:

Отворање дебитна картичка Visa Debit

Пристап до Интернет банка

Отворање трајни налози за плаќање сметки за комуналии.

Со трајниот налог сметките ќе им бидат секогаш навремено платени без да доаѓаат во банка, со што ќе им помогнеме да останат дома и да се заштитат од ризик. За тоа ќе биде доволно при нивното доаѓање на шалтер ДА ГИ ДОНЕСАТ СМЕТКИТЕ ЗА ЈАВНИ УСЛУГИ (струја, парно, вода, телефон), а нашите вработени ќе им ги објаснат сите можности кои се на располагање.

Треба да знаете
Последни објави