Search

Словенија ќе ги тестира сите над 60 години со најмали симптоми на настинка

Министерството за здравство на Словенија донесе нови правилници со кои ќе се зголеми бројот на лицата кои ќе бидат тестирани за новиот коронавирус.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, според новите упатства, тест за коронавирусот ќе им се прави на лицата над 60 години кои имаат и најмали симптони на настинка. Тестирани ќе бидат и лицата со блага клиничка слика, кои имаат висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести, имунолошки проблеми, тешки респираторни и болести на црниот дроб, без разлика на возраста.

Досега во Словенија се тестираа само оние кои веќе имаа потешка клиничка слика и тие што недвосмислено имале близок контакт со заразени лица.

До синоќа во земјата имаше 414 потврдени случаи на Ковид-19, а претпоставките на лекарите се дека реалниот број заразени е најмалку пет пати поголем.

Треба да знаете
Последни објави