Search

(Видео) Од потресите во Загреб падна цела фасада на една зграда

Хрватската престолнина Загреб изминативе два дена ја стресоа серија силни земјотреси кои предизивикаа значителни материјални штети. Во текот на вчерашниот ден Загреб го погоди земјотрес од 5,5 степени по рихтеровата скала, а набрги потоа уште еден од 5 степени.

Потресите предизвикаа материјална штета главно во централното градско подрачје, а тоа може да се види и од видео записот на кој се гледа како паѓа целата фасана на една зграда.

Граѓаните на Загреб се исплашени, иако сеизмолозите предупредуваат дека мали се шансите да се повторат вакви силни потреси. Утрово градот го погоди уште еден земјотрес со послаб интензитет од 3,3 степени.

 

Треба да знаете
Последни објави