Search

Германската канцеларка Ангела Меркел во карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел е ставена во карантин откако лекарот кој ја вакцинирал имал позитивен тест на коронавирус.

Нејзиниот портпарол Штефен Зајберт изјави дека 65-годишната Меркел била информирана за лекарот набргу откако вечерва одржала прес-конференција, на која што ги соопшти новите рестриктивни мерки во земјата.

Зајберт појасни дека таа во петокот од претпазливост примила вакцина против инфекција на белите дробови.

„Ангела Меркел ќе биде подложена на редовни тестови во наредните денови и ќе продолжи да работи од дома“, кажа Зајберт.

Треба да знаете
Последни објави