Отсранети 76 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (13.03 – 19.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 76 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 15 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 61 возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

 

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  132 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 15 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

 

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

 

 

Треба да знаете
Последни објави