Search

Лукаку: Бев блиску до Јувентус, поради Конте отидов во Интер

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку изјави дека „немал енергија” да остане во Манчестер Јунајтед, иако Оле Гунар Солскјер сакал да остане на „Олд Трафорд” пред да се пресели во „нероазурите”.

Трансферот на Белгиецот во Серија „А” минатиот август стави крај на неговиот двегодишен престој во Јунајтед, кој привлече сериозни критики за неговиот настап со дресот на „црвените ѓаволи”, особено во втората сезона.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед изјави во септември дека е „вистинската одлука” да му се дозволи на Лукаку да го напушти клубот, бидејќи тоа му дава простор на младиот Мејсон Гринвуд.

– Лоша година може да му се случи на секој. И мене ми се случи. Беше јасно дека немав иднина во Јунајтед. Ситуацијата не беше лесна и морав да донесам одлука. Сакав да одам некаде да работам со тренер кој навистина ќе се потпира на мене. Во Јунајтед настојуваа да останам, но реков дека е готово. Сега тимот оди на вистински начин, зема добри играчи и им посакувам се најдобро. Би било многу детски да покажам непочитување кон мојот поранешен клуб. Вистината е дека бев многу блиску до Јувентус, но моја желба цело време беше да одам во Интер со Антонио Конте. Тој сакаше да дојдам уште додека ги водеше Челзи и Јувентус. Како дете ги гледав Адриано, Роналдо и Кристијан Виери во Интер, така што кога дојде предлогот не се двоумев. Чувствував дека е вистинско време за нешто ново. Најважното нешто беше да си ја вратам формата. Во Италија се тренира навистина многу … прашајте го Ешли Јанг, изјави Лукаку во интервјуто за каналот на легендата на Арсенал, Иан Рајт на Јутјуб.

Тој зборуваше и за актуелната ситуација со коронавирусот во Италија и какосе справува со неа.

– Ситуацијата во Италија не е воопшто пријатна. Не можам да бидам со моите најблиски, ми недостасуваат тренинзите и натпреварите. Мајка ми има дијабетес и не можам да си дозволам да бидам близу до неа за да не ја изложувам на ризик. Во такви периоди, го цениме она што го имаме во нашите секојдневни животи, откри напаѓачот.

2020-03-20 08:41:39, од

Треба да знаете
Последни објави