Рама: Да избегнеме катастрофа по секоја цена

Албанскиот премиер Еди Рама на својот профил на Фејсбук објави фотографии од Италија на кои се прикажува конвој на воени камиони кои превезуваат жртви предизвикани од коронавирусот, испраќајќи силна порака до албанските граѓани дека треба строго да ги почитуваат владините мерки.

Додава дека двете најпогодени области во северниот дел на Италија презеле мерки со задоцнување кога „непријателот” напредувал, поради што и бројот на инфицираните и починатите е вознемирувачки.

Апелира до граѓаните на трпеливост и додава дека во неговата земја по секоја цена треба да се избегне хуманитарна катастрофа.

„По секоја цена и услови треба да избегнеме хуманитарна катастрофа, како онаа во Бергамо и во северниот дел од Италија, каде здравстениот систем падна на колена, затоа што не се заштити од ѕидот на затегнатите мерки.

„Трпение,трпение,трпение!Не смее да ни се случи за да наумите што може да не снајде доколку не се борме колку што треба”, напиша Рама на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави