Состојба со Ковид-19 во светот во 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 225.254 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 9.276, а оздравеле 85.831 лице.

– Австралија и Нов Зеланд ги затвораат границите за странски државјани, согласно мерките за борба против епидемијата на Ковид-19.

– Бројот на новозаразени во Јужна Кореја веќе трет ден по ред е во пораст, со 152 нови случаи во однос на претходниот ден. Во текот на последното деноноќие починаа уште седум лица и вкупниот број смртни случаи изнесува 91 лице.

– Полскиот лекар Војчек Рокита, почина синоќа во болница во Киелце каде беше директор. Според семејниот пријател на Рокита, Максимилијан Матерна, полскиот лекар извршил самоубиство откако во последните денови добивал бројни пораки на омраза затоа што на скијање се заразил со коронавирус и продолжил да оди на работа. Неговите колеги уверуваа дека лекарот, гинеколог по професија, воопшто не бил во контакт со пациенти во тој период, но граѓаните не верувале и го изложиле на своевиден јавен линч.

– Шпанското Министерство за здравство информира за нови 209 смртни случаи, со што смртниот биланс од Ковид-19 се искачи на 767, а бројот на инфицирани се зголеми за една третина – од 13.716 на 17.147 за едно деноноќие.

– Прв смртен случај од Ковид-19 во Северна Ирска.

– Италија го продолжи режимот на движење за најмалку до 4 април.

– Меѓународниот фестивал на документарен филм Амстердам, кој има најголема база на документарни филмови, одлучи над 300 филмови од нивната колекција да станат достапни онлајн со цел на луѓето да им дадат причина повеќе да останат во своите домови. Тие овозможуваат бесплатно гледање на 302 филма, снимени од 1988 до 2019 година.

– Во Србија повеќекратно поскапување на лукот, иако и СЗО потенцираше дека тој не штити од новиот коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави