Мета: Сите предлози за надминување на состојбата со коронавирусот се добредојдени

Албанскиот претседател Илир Мета смета дека за владата на премиерот Еди Рама треба да бидат добредојдени сите предлози што доаѓаат до неа за справување со економската и социјалната состојба, создадена по ширењето на коронавирусот.

„Сите реални и конструктивни идеи и предлози за справување со економската и социјалната состојба, поради вонредата ситуација што се појави, со цел успешно и ефикасно справување, треба да бидат добредојдени и простудирани со одговорност и визија во најдобар интерес на земјата и граѓанинот, не само сега, туку и во подолга перспектива, напиша Мета на Фејсбук.

Реакцијата на Мета следува откако опозициските, Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција предложија мерки за справување со ситуацијата, но не беа земени во предвид од Владата.

Заклучно со вчерашниот ден во Албанија регистрирани се 59 лица заразени од коронавирус,од нив двајца починати.Во исто време економијата трпи големи штети поради неработењето и затворените граници.

Треба да знаете
Последни објави