Во подземен тунел грчката полиција откри тешко оружје

Во акција, која е во тек на две локации во Атина, секторот за антитероризам на грчката полиција, по соработката со Националната служба за разузнавање, откри подземен тунел со тешко оружје, противтенковско, а приведени се над 20 странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштуваат дека акцијата се води истовремено во две атински населби, а по завршувањето ќе бидат објавени и детални информации.

Треба да знаете
Последни објави