Граничари земале пари за да дозволат луѓето од заразените области да влезат во БиХ

Директорот на граничната полиција во БиХ, Зоран Галиќ, ги осуди незаконските постапки на некои членови на оваа полициска агенција, бидејќи земјата се соочува со големи предизвици на коронавирусот и мигрантската криза и рече дека секоја форма на непрофесионално однесување ќе биде санкционирана.

Реагирајќи на апсењето на полицаецот кој зел пари и дозволил три лица од заразена област да влезат во БиХ, Галиќ истакна дека тој е згрозен од постапките на поединци кои ја срамат оваа полициска агенција, која се соочува со огромни предизвици.

„Срамно и погубно е, особено во овие моменти, да имате неодговорни и непрофесионални лица кои свесно прават катастрофални пропусти“, рече Галиќ, пренесе РТРС.

Граничната полиција, вели тој, мора да даде пример за одговорно и совесно дејствување во овие ситуации.

Треба да знаете
Последни објави