Search

Турција одлага плаќање кредити, Ердоган со економски план од 14 милијарди евра

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави денеска дека Турција ќе одложи плаќања за кредити и ќе намали даноци во различни сектори согласно пакет економски мерки за подршка вредни 14 милијарди евра.

На прес конференција, откако за 24 часа бројот на заразени со новиот коронавирус двојно се зголеми, Ердоган ги повика банките да не ограничуваат кредити, и компаниите да не намалуваат работни места.

Тој најави и поддршка за авиокомпанијата Туркиш ерлајнс.

Треба да знаете
Последни објави