Search

И Евровизија нема да се одржи

Се откажува изборот за песна на Евровизија, поради пандемија од коронавирусот. Евросонг беше закажан за 12, 14 и 16 мај во Ротердам, Холандија, а Македонија требаше да ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“. По 64 години Евровизија годинава нема да има.

-Неизвесноста која ја предизвика  ширењето на Ковид-19 низ цела Европа и ограничувањата што владите на земјите учеснички ги воведуваат, како  и холандските власти,  придонесе Европската унија за радиодифузија (ЕБУ) да ја донесе тешката одлука за да се одложи Евросонг. Здравјето на уметниците, персоналот, навивачите и посетителите, како и состојбата во Холандија, Европа и светот, сето тоа придонесе да се донесе ваквата одлука. Ние сме многу горди што Евровизискиот натпревар јо обединува публиката секоја година, без прекини, изминатите 64 години и ние, како милиони од вас ширум светот, многу жалиме што не може да се одржи во мај, се вели во официјалното  соопштение од ЕБУ .

Треба да знаете
Последни објави