Search

Заев: Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт

По прогласувњето на вонредната состојба во државава од старна на претседателот Стево Пендаровски, на својот фејсбук што значи тоа се огласи да објасни лидерот на владеачката СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев.

-Вонредната состојба значи повеќе можности за Владата да се справува со коронавирусот и со економските последици. Во однос на начинот на функционирање на државата и општеството, вонредната состојба сама по себе не воведува нови ограничувања за граѓаните.

Додека не се донесат нови мерки од Владата, сѐ останува исто во поглед на секојдневниот живот.

Маркетите и натаму ќе работат, компаниите исто така, а институциите непречено ќе ги извршуваат сервисите. Во овој момент нема нови ограничувања на движењето на граѓаните.

Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата.

Уште еднаш сакам да ја поздравам иницијативата на Владата, како и одлуката на Претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.

На сите нас останува да се придржуваме до мерките и препораките на институциите, со цел побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави