Заразена родилка во Мостар, новороденчето се тестира

Родилка е инфицирана со коронавирус во Мостар, а нејзиното новороденче се тестира. Официјални лица од Клиничкиот болнички универзитет во Мостар потврдија дека има уште двајца пациенти со коронавирус. Ова се лицата кои биле во контакт со лицето кое вчера беше потврдено дека е заразено со вирусот.

Неговата сопруга е позитивна, како и родилка којашто се наоѓа на интензивна нега. Таа работела во компанија кадешто сопственикот е заразен со коронавирус. Бебето на родилката се тестира и според лекарите засега тоа има стабилна здравствена слика.

Болницата ги повикува сите кои биле во контакт со нив да се тестираат.

Раководителот на Одделот за белодробни заболувања вели дека сите се во добра состојба, а вработените во одделот веќе се тестираат за коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави