Директна владина финансиска помош за словенечките компании што не можат да обезбедат плати

Словенија донесе одлука да даде директна финанска помош на компаниите што поради коронавирусот не можат да обезбедат плата за вработените.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа одлука ја донесе Националниот комитет за труд при собранието, а беше изгласана без ниту еден глас против.

Уредбата предвидува компаниите кои поради епидемијата со коронавирусот, нема да можат да обезбедат плата и работа за најмалку 30 отсто од вработените и ќе добијат пари за да не им се уништи бизнисот, а да можат да исплатат плата.

Обврската на работодавците е на вработените да им дадат 80 отсто од висината на просечната плата во последните три месеци, а државата ќе покрие 40 отсто од оваа сум, а работодавецот 60 отсто.

Оваа одлука важи за самовработените, кои во Словенија се многу.

Треба да знаете
Последни објави