(Видео) Србија воведува полициски час

Веќе воведените мерки за справување со ширењето на коронавирусот не ги дадоа очекуваните првични резултати во Србија, па северниот сосед се одлучи за уште поригорозен чекор со воведување на полициски час. Тоа значи дека граѓаните од утре во 20 часот па до 5 часот наутро, секој ден во тој период до донесување друга мерка ќе биде забрането движењето надвор по улиците.

Ова го соопшти претседателот Александар Вучиќ на своето вечерашно обраѓање кон граѓаните, и потсети дека движењето за лицата постари од 65 години не се препорачува во текот на целиот ден,. Старите лица мораат да останат дома во самоизолација.

Треба да знаете
Последни објави