Search

Полицијата чува самоизолирани, младите наместо на Водно со авто-журки на патот за Сопиште

Поголема група млади со околу дваесетина автомобили денеска околу 15 часот правеле журка на новоизградениот пат за Сопиште, кој што се уште не е во функција и води кон комплексот Сончев Град, односно каде што завршува, дознава 24 Инфо.

Од автомобилите ечела музика, се пиело и се играло, но по пријава од граѓаните дошла полиција.

Ова е втор ваков случај, откако пред неколку дена по редуцирањето на работното време на кафулињата беше растурена забава и на Водно.

Како што вчера објави 24 Инфо, младите наоѓаат секакви начини за забава, па се собираат и во луксузни вили во Соње, Сопиште, Илинден, но и во Раштак и Радишани.

Според информации на 24 инфо се изнајмуваат викендици како за прослави за родендени за 250 до 500 евра за вечер и се собираат по триесетина луѓе.

Треба да знаете
Последни објави