Search

Затворени два угостителски објекти во Чаир поради непочитување на мерките на Владата

Државниот пазарен инспекторат денеска затвори еден хотел и една чајџилница во општина Чаир поради непочитување на мерките од Владата за справување со Ковид 19.

Државниот пазарен инспекторат со асистенција на Единицата за интервентна полиција, информираат од МВР, денеска постапувале на подрачјето на скопската општина Чаир поради непочитување на мерките на Владата на РСМ за справување со Ковид 19.

– Од страна на ДПИ затворен е еден хотел и една чајџилница и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат со интензивно темпо, се вели во соопштението од МВР.

Треба да знаете
Последни објави