Search

(ВИДЕО): Слетаа патниците од Брисел на скопскиот аеродром

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу сподели видео директно од аеродромот во Скопје, каде пред неколку часа слетаа патниците од Брисел.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата истакна дека дел од патниците имаат симптоми на корона вирусот, поради што истите ќе бидат тестирани, а сите ќе потпишаат дека во следните 14 денови ќе бидат во домашна изолација.

-Патниците кои пристигнаа вечерва од Брисел идат во карантин. Моментално се блокирани во Скопскиот аеродром и чекаат тестирање. Тоалетите на аеродромот немаат сапун. Патниците потпишуваат изјава со која се обврзуваат да седат 14 дена во карантин,- напиша Салиу на својот Твитер профил.

 

Треба да знаете
Последни објави