Општина Кисела Вода врши дезинфекција во образовните установи

Центарот за јавно здравје спроведува голема акција за дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода.

Работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот, Центарот за јавно здравје во соработка со Општина Кисела Вода ги врши врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство.

Со цел за заштита на здравјето од корона вирусот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски апелира до граѓаните во целост да ги почитуваат препораките дадени од Владата и Министерството за здравство. Градоначалникот Темелковски ги поздравува и упатува голема благодарност до медицинските лица, полициските службеници и до сите останати вклучени во борбата против корона вирусот.

Треба да знаете
Последни објави