Директорот на словенечката Агенција за разузнавање поднесе неотповиклива оставка

Директорот на словенечката Агенција за разузнавање Рајко Козмељ поднесе неотповиклива оставка, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова одлука беше објавена на интернет станицата на агенција, а според соопштението причината е да и се даде можност на новата Влада да именува нов директор на словенечкото разузнавање, кој ќе им биде од доверба и на тој начин да се овозможи непречена комуникации меѓу агенцијата и Владата.

Според пишувањата во словенечките медиуми, новата Влада на Јанез Јанша ќе мора веднаш да реагира, имајќи предвид дека директорот на Агенцијата за разузнавање е и член и на Советот за национална безбедност.

Треба да знаете
Последни објави