Search

Ќе им се суди на двајцата прилепчани кои ограбија два стана во Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поднело обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела „тешка кражба”, како и барање за продолжување на мерката притвор, која на обвинетите им е претходно изречена.

Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

На 9 март 2020 година со употреба на погоден клуч-калауз во 10.00 часот провалиле во стан на бул. „Јане Сандански” во Скопје. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300,00 денари од кои златни парчиња накит во вредност од  103.550,00 денари и парични средства во вредност од 67.750,00 денари.

Дента, на ист начин, околу 11.30 часот провалиле во стан во близина, каде одзеле златен накит во вредност од 91.350,00 денари и парични средства во висина од 49.200,00 денари, се во вкупна вредност од 140.550,00 денари.

– Јавниот обвинител ги зеде предвид околностите во кои биле извршени кривичните дела, како и постоењето на опасност од бегство или криење на обвинетите, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерките притвор, кои на обвинетите претходно им беа веќе определени, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Треба да знаете
Последни објави