Search

Украл пари од комби, па со нож му се заканил на сопственикот

Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(63) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба”.

На 18.02.2020 на улица Панче Попоски во Гостивар пријавениот, од паркирано возило „форд транзит” во сопственост на М.Х.(19) од Скопје, кое не било заклучено, одзел пари.

При извршената кражба тој бил затекнат од оштетениот, кој се обидел да го спречи во намерата, но пријавениот со закана со нож го напуштил местото на настанот со одземените парични средства.

Треба да знаете
Последни објави