Search

Најцрн ден во Италија: 368 починати, 3.000 новозаразени

Бројот на жртви од Ковид-19 во Италија во изминативе 24 часа порасна за 368 лица на вкупно 1.809 жртви од почетокот на пандемијата. Властите предупредуваат дека полека се јавува недостаток од болнички легла и механички машини за дишење.

Ватикан денеска ги откажа велигденските прослави кои требаше да започнат на 5 април. Гувернерот на регионот Ломбардија Атилио Фонтана вели дека состојбата во неговиот регион се влошува.

„Блиску сме до точката по која повеќе нема да бидете во состојба да реанимираме пациенти затоа што ќе немаме болнички легла“, вели Фонтана. Во Ломбардија во моментов има 13.272 евидентирани инфекции, а 767 лица се на интензивна нега.
„Ни требаат тие машини кои докторите ги користат за вентилирање на белите дробови, вештачки респиратори кои за жал не можеме да ги најдеме“, вели Фонтана.

За оздравени се водат 2.335 лица, пренесе агенцијата Франс прес.

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 167.751 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 6.456, а оздравени се 76.598.

Треба да знаете
Последни објави