Search

Возила со македонски граѓани заглавени во меѓуграничниот премин меѓу Унгарија и Србија

Двеста возила се заглавени меѓу граничните премини на Унгарија и Србија кај Суботица, меѓу нив голем број на македонски граѓани кои се обидуваат да се вратат во Македонија.

Јавувајќи се во живо од границата, македонските граѓанин во вонредната емисија за коронавирусот на телевизија „Алфа“ се пожали дека најверојатно вечерва ќе останат таму, затоа што и двете граници се затворени за нив.

Како што сподели, меѓу оние што се обидуваат да се вратат дома се и семејства со млади деца, а температурите веќе се приближуваат кон нулата. Дел од нив се со патнички возила, но има и дел кои кон Македонија тргнале со српски автобуси, но морале да ги напуштат па сега се на отворено, а температурата е околу 0 степени.

Додаде дека дел од нив побарале помош од Министерството за надворешни работи, од каде ги известиле дека се запонзаени со случајот и работат ситуацијата брзо да се реши.

Во Србија вечерва беше прогласена и вонредна состојба.

Треба да знаете
Последни објави