Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и истите кадри кои овие три години ги донесоа најголемите порази и понижувања, повторно ќе ги лажат граѓаните

СДСМ е партија на истрошени и компромитирани политичари, остатоци од криминалната транзиција. Со политичари кои три години беа посветени на проширување на личните бизниси преку рекет, корупција и непотизам, Зоран Заев повторно се обидува да ги лаже граѓаните.

Потврдата за криминалот, корупцијата на Заев и СДСМ како и заробените институции дадоа сите релевантни меѓународни институции.

Стејт Департментот во извештајот за  2019 година нотира дека корупцијата, ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање се најголемите проблеми во државава.  Во извештајот исто така стои и дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашувања.

Меѓународниот монетарен фонд упати остри критики до владата на СДСМ, дека сите потези што ги влечат ќе ги поткопаат придобивките што беа направени во делот на фискалните политики и дека СДСМ фиктивно само на хартија ги зголемува платите и пензиите, а од друга страна ги зголемува даноците кои се повеќе и повеќе ги осиромашуваат граѓаните.

Наместо животот кој го ветуваа, донесоа сиромаштија, партиско правосудство, политички прогон и заробени медиуми.

Потврда за корумпираноста на власта дојде и од Транспаренси Интернешенл која според индексот за корупција ја рангираше Македонија на 106 место во друштво на  Монголија и Брег на слонова коска, што докажа дека во земјава не владеат Устав и закони туку криминално рекетарскиот систем на Заев.

Дека Македонија е држава на селективна правда и заробено правосудство  потврди и реномираното списание „Економист“ кое ја оцени Македонија како хибриден режим.

Со тоа практично се потврдува целата вмешаност на Заев и неговите функционери во случајот Рекет и стана јасно зошто судот не покрена никаква истрага против него и покрај очигледните докази кои ги виде целата јавност.

Поразително е и тоа што според „Економист“  Македонија е на 8 место во Светот по иселување на млади луѓе од државата.

Меѓународните институции само ја потврдуваат реалноста во државава дека  Македонија откако СДСМ се на власт, стана заробена држава во која владеат криминалот и корупцијата на транзициските политичари Заев и Шекеринска.

Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени.

Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.

 

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави