Search

Повреден мигрант од струен удар, бил качен на товарен воз

На 13.03.2020 во 15.10 часот на Железничка станица Табановце на цистерна од товарен воз со тешки телесни повреди од струен удар се здобило едно лице – мигрант, кое било качено на цистерната. Лицето било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Во цистерната биле пронајдени и уште 10 лица – мигранти и истите се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави