Search

Борисов: Европа е неподготвена да се избори со коронавирусот

Европската Унија покажа дека не е подготвена да се избори со епидемијата на коронавирус, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на состанокот на бугарскиот Совет за безбедност, пренесува „Спутник“.

„Ниедна од членките на ЕУ не поседува доволна резерва од маски, заштитна облека, аспиратори, респиратори, навлаки за обувки, ракавици. Ниедна – зашто никој не можеше да предвиди ваков развој на ситуацијата. За среќа, Бугарија има соодветна индустрија: секој ден се произведуваат 4.000-5.000 метри ткаенина која успешно ги поминува тестирањата”, изјави бугарскиот премиер.

Борисов нагласи дека Бугарија ќе се избори со последиците од епидемијата.

„Што се не преживеавме, ќе го преживееме и ова. Паника, хистерија, купување продукти… Храна има. Во Бугарија и во Европа има храна – конзервирани производи, леб, брашно, резервите се огромни”, изјави тој.

Во Бугарија во моментот се забележани шест случаи на зараза: два во Софија, два во Плевен и два во Габрово. Пациентката во Софија е во критична состојба, додека состојбата на нејзиниот сопруг се влошува.

Треба да знаете
Последни објави