Search

Четиригодишно девојче во САД ослепело од грип, а сега му се вратил видот

Четиригодишно девојче од сојузната американска држава Ајова, кое го загубило видот по тешко боледување од грип, при што за малку не починало, сега видот му се вратил, објавила мајката.

Неколку недели по напуштањето на болницата по закрепнувањето од грипот, членови на семејството забележале дека девојчето неочекувано само може да отиде до тоалетот, а притоа да не се задржува на ѕидовите, како што правело дотогаш.

„Од тогаш сè се случуваше многу бргу. Таа сега е навистина добра“, рекла мајката на девојчето.

Малото девојче, кое оваа сезона не било вакцинирано против грип, се борело со вирусот неколку дена пред Божик, а нејзините мајка и татко не сфатиле што се случува со детето сè до Бадник кога добило висока температура. Тие веднаш го донеле во болница. Кога му се влошила состојбата, било префрлено со авион во 130 километри оддалечената детска болница, во Ајова.
Докторите рекле дека грипот бил предизвикан од значајно оштетување на мозокот – енцефалопатија.

„Ни рекоа дека нашето дете може никогаш нема да се разбуди или ако се разбуди, може нема да биде исто“, рекла мајката за Си-ен-ен.

Но, тоа што следувало било навистина чудо. За Нова година девојчето ги отворило очите и се насмеало. Од тогаш почнало да напредува.
Лекарите рекле дека детето имало среќа што преживеало. Но, набргу станало јасно дека тоа не гледа. Грипот го зафатил и делот од мозокот задолжен за видот, рекол неврологот што го лекувал девојчето. Лекарите не знаеле дали тоа некогаш ќе прогледа.

Треба да знаете
Последни објави