Search

Макрон: Епидемијата на коронавирусот во Франција е на самиот почеток

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека епидемијата на коронавирусот е само на почеток.

„На самиот почеток сме, треба да ни биде јасно тоа и да сме свесни“ повтори тој пред новинарите, за време на посетата на париската болница „Некер Енфон маладе“.

Зајакнати се и заштитните мерки во канцеларијата на францускиот претседател, откако еден од неговите најблиски соработници, шефот на канцеларијата, Патрик Стрзод, бил во контакт со заразено лице. Тој се наоѓа во самоизолација и работи од дома.

На прашањето за премин на трето ниво на заштита во Франција, Макрон рекол дека мерките ќе се разликуваат според подрачјето на кое ќе се донесат.

„Мислам дека не треба да се мисли дека во одреден момент во нашата земја се ќе се промени. Треба да останеме целосно прилагодени“ рекол тој.

Макрон исто така упатил порака за поддршка и признание на медицинскиот персонал, посебно на оние кои се затрупани со повици.

Со 25 починати и 1412 потврдени случаи на зараза на коронавирусот, Франција е втора најзафатена европска земја, зад Италија.

Треба да знаете
Последни објави