Search

Италијанка го следела коронавирусот: Му дала на таксист 1.400 долари да ја пренесе од Милано во Рим, а таму ја дочекал нов карантин

Жена од Милано платила такси од 1.370 долари за да дојде до Рим и да ја избегне блокадата поради коронавирусот, за само ден подоцна и тој град да биде затворен.

Ломбардија, чиј главен град е Милано, била затворена во неделата наутро заедно со 14 провинции во околината.

Екстремните мерки, најавени во саботата, ги натерале жителите да го напуштат градот.

Една од нив, како што пишува Република, била 30-годишната Микела која во градското такси влегла во 10:30 часот по локално време во сабота, барајќи да оди во Рим.

“Прифатив без размислување. Тоа е моја работа”, рекол таксистот со 20-годишно искуство со име Мелкиоре.

“Очигледно, пред одење ја прашав девојката дали знае со кои трошоци ќе се соочи”.

Тој стигнал во Рим чест часа подоцна, во 04:30 по локално време.

Но, Микела немала многу време за уживање во својата слобода во Рим, откако карантинот во Милано и 14-те околни покраини се проширил на цела Италија во понеделникот.

Треба да знаете
Последни објави