Search

Вториот тест за коронавирус на првозаболената пациентка е негативен

Министерството за здравство информира дека резултатите на првозаболената пациентка со коронавирус се негативни на овој вирус. Таа втор пат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Негативна на коронавирус е и 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горнореспираторна болест.

Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти, за кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

„Здравствената состојба на шесте пациенти што се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката“, соопшти Министерството за здравство.

На денешната владина седница се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави