Ученици од Кисела Вода по повод Меѓународниот ден на жената ја посетија касарната „Илинден“

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март денеска повеќе деветто одделенци од основните училишта во надлежност на Општина Кисела Вода во касарната „Илинден” другаруваа со Ренџерскиот баталјон.

Децата при посетата на касарната имаа можност да се запознаат со подготвеноста на жените припаднички на баталјонот. Жените војници пред учениците изведоа демонстрација на вертикален маневар со користење на алпинистичка опрема.

На крајот од средбата, основците од Кисела Вода видно задоволни од презентираното и гостопримството, на жените војници им подарија цветови.

Настанот во рамки на проектот „8 Март – Ден на жената” се одржа во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.

Треба да знаете
Последни објави