Search

Поради коронавирусот Хрватска размислува да ги забрани големите собири во затворен простор

Хрватските власти најавија дека е можно Владата да ги забрани сите поголеми собири во затворен простор, јави дописникот на МИА. Како што изјави министерот за здравство Вили Берош, тоа би се направило по примерот на другите земји, а целта е да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во Хрватска моментално има 12 луѓе заразени со Ковид-19. Словенија веќе вчера ги забрани сите собири над 500 луѓе на затворено. Инаку, поради ширењето на коронавирусот во соседна Словенија, хрватските власти најавија дека ќе ја зголемат контролата на граничните премини.

Треба да знаете
Последни објави