Search

Израелската амбасада во Атина затворена поради коронавирус кај вработен

Откако кај вработен во амбасадата на Израел во Грција било потврдено дека е заразен со коронавирусот, дипломатското претставништво е доброволно затворено во следните две седмици, соопштија од Амбасадата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Како превентивна мерка и грижа за јавното здравје, амбасадата на Државата Израел во Грција, повторно ќе се отвори на 23 март 2020 година, по две недели доброволно затворање, откако кај вработен во Амбасадата беше дијагностициран коронавирус. Амбасадорот и неговиот дипломатски тим ќе продолжат да работат од нивните домови, напишаа од амбасадата на Израел на нивниот официјален Твитер налог, изразувајќи благодарност до грчката Влада за поддршката и соработката.

Наведено е дека амбасадорот и неговиот дипломатски тим се во добра здравствена состојба.

Треба да знаете
Последни објави