Search

Грчката комисија за јавно здравје контра ГПЦ: Вирусот се пренесува и со причестување

– Грчката Национална комисија за јавно здравје вечерва го демантираше категоричното тврдење на Постојаниот свет Синод на Грчката православна црква дека „ниту една болест не се пренесува преку Светата Причест”.

„Причестувањето од истата чаша на животот, секако, не може да биде причина за пренесување на болести, затоа што верниците од сите возрасти знаат дека присуствувањето на Божествена причест, дури и во време на пандемија, претставува, практична афирмација на самопредавањето на Бога, но и силно покажување на љубовта, која го опфаќа целиот човечки и можеби оправдан страв, соопштија претходно денеска од Светиот синод на ГПЦ. Тие додаваат дека „без никого да осудуваат за стравот и загриженоста”, тие ќе продолжат со литургиите и причестите во црквите.

Меѓутоа, експертите од грчката Комисија за јавно здравје соопштија дека „вирусот се пренесува преку плувачка и се пренесува со лажиче”, што значи и со причест и ги повикаа луѓето да избегнуваат јавни собири – вклучително и цркви.

Сепак, експертите додадоа дека тие не можат да се мешаат во прашањата на верската слобода и вербата.

Треба да знаете
Последни објави