Search

Авион на „Изиџет“ двапати се враќал поради пијани патници

Авиокомпанијата „Изиџет“ двапати  го враќала авионот на почетната точка на поаѓање за време на летот од Велика Британија за Шпанија поради безобразното однесување на патниците.

Инцидентот бил предизвикан од две одделни групи патници кои биле во алкохолизирана состојба, објави Си-ен-ен.

„Некои патници пиеја сопствен алкохол на терминалот пред летот, но и подоцна во авионот. Полицијата мораше да ги отстрани патниците пред летот кон Аликанте“, соопшти авиокомпанијата.

По зголемувањето на бројот на инциденти со пијанство, Велика Британија размислува за промена на правилата што во моментот им дозволуваат на патниците од аеродромите да консумираат алкохол секојдневно.

Треба да знаете
Последни објави