Search

Металург му ја наполни мрежата на Пелистер

Во Автокоманда вечерва се одигра натпревар од 16. коло на машката ракометна Суперлига, меѓу Металург и Пелистер кој убедливо го добија домаќините 34:18 (15:8).

Металург одигра одличен натпревар во кој целосно го надигра противникот. Рамноправно се играше само на почетокот од средбата, се до резултат 8:8, а потоа се беше во полза на тимот од Автокоманда. На почетокот на вториотдел Пелистер за кратко го намали резултатот до -4, но тоа траеше само неколку минути.

Металург како да уфрли во поголема брзина и буквално го изрешета голот на противникот. Конечните +16 се реална слика на се што се случуваше на теренот.

На две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната, Металург е лидер на табелата.

Треба да знаете
Последни објави