Search

ВМРО ДПМНЕ: Колку СДСМ може да биде избезумена кога е во очај дека ја губи власта?!

Недомаќинското работење на ЕЛЕМ, нестручноста, лошото планирање и неспособноста на поставените раководни лица ја загрозуваат стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Македонија како и снабдувањето со електрична енергија на домаќинствата и претпријатијата особено во зимскиот период кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија. Во моментов хидроакумулациите се сведени на историски минимум за овој период од годината под 20%. Раководството на ЕЛЕМ среде лето продаваше наводни ,,вишоци,, на електрична енергија празнејќи ги хидроакумулациите заради остварување на нечии лични интереси, а истовремено јавно се фалеа на прес конференции наводно остварувајќи некакви рекорди за акумулирана добивка на годишно ниво се вели во соопштението за јавноста на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

-Секојдневните испади на блоковите во РЕК Битола и максималното трошење на водените ресурси се одлика на неспособност, нестручност и незнаење. Се поставува прашање дали повторно недостатоците на електрична енергија ќе се задоволуваат со скап увоз на електрична енергија на товар на граѓаните преку преносната и дистрибутивната тарифа доколку ЕЛЕМ не ја подмири својата законска обврска кон EВН ХОМЕ согласно Законот за енергетика.

И наместо СДСМ да се засрами за сите незаконски работи кои ги направија во енергетиката во овие 3 години, без срам Директорот на АД ЕЛЕМ Ковачевски излегува на прес, два дена по ред да раскажува приказна од кујната на најмрачните ликови во СДСМ. Човек да се запраша дали Ковачевски знае воопшто што чита? Дали и оние кои му го подготвиле текстот знаат што напишале? Дали некој може да биде толку очаен дека му се гледа крајот, па излегува на прес пред целата македонска јавност да кажува вакви лаги?

„Подготовката на увозот почнала претходно, кога на 29 декември 2016 година, Мицкоски бара од Регулаторната комисија за енергетика да им ги пратат правилата за набавка на електрична енергија. На 5 јануари 2017 година добиваат решение од Регулаторната комисија за одобрување на правилата за набавка на струја, и веднаш, од 8 јануари го започнуваат скапиот увоз на струја. Истовремено, уште додека ја чекале дозволата, извршиле исклучување на блокови во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Почнале и засилено да ги експлоатираат хидроелектраните и да ја трошат цела вода, додека во исто време го организирале увозот на струја по фантастично високи цени. Ниските температури со кои денес се правда Христијан Мицкоски не се никакво оправдување. Ниски температури имало секогаш, а во битолскиот регион низ годините наназад редовно паѓале и до минус 25 и до минус 27“.

Само недостасува да каже дека Мицкоски успеал и со Господ да направи договор за завера за да паднат температурите во тој период од годината под минус 25 степени. Веројатно Ковачевски тоа го чува за третиот прес како кулминација на „заверите“.

Треба да знаете
Последни објави