Search

Барселона со гол од пенал го совлада Реал Сосиедад

Лионел Меси со прецизен удар од пенал и донесе тешко извојувана победа на Барселона против Реал Сосиедад (1:0) пред своите гледачи. Реал Сосиедад одигра добар натпревар на гостувањето кај Барселона и не заслужи да загуби. Досудениот пенал беше од сомнителна ситуација.

Решавачкиот момент се случи во 79. минута кога по игра со рака на еден од фудбалерите на Реал Сосиедад судијата гледаше ВАР снимка и одлучи да покаже на белата точка. Но, судиите не погледнаа дека во истата акција, пред да се случи играњето со рака Артуро Видал беше во офсајд. Правилата се јасни, ако од почетокот на акцијата до постигнувањето на голот имало некаква нерегуларност, тој треба да биде поништен. Судиите се фокусираа на играњето со рака, но не го видоа офсајдот.

Треба да знаете
Последни објави