Search

УЕФА нема да делегира судии од Италија за мечевите во ЛШ и во ЛЕ

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) излезе со вонредно соопштение во кое објави дека италијанск судии нема да бидат делегирани за мечевите во Лигата на шампиони и во Лига Европа што се закажани за наредната недела.

Забраната, многу веројатно, ќе се однесува и за натпреварите што ќе следуваат по десет дена.

Ваквата одлука од европската фудбалска централа ја образложуваат со епидемијата на коронавирус кој најсилно ја нападна Италија од сите држави на стариот континент.

Треба да знаете
Последни објави