Search

Пресудени првите затворски казни во Хрватска за штелување на километражи на половни автомобили

Хрватските судови почнале да носат затворски пресуди против измамници кои продаваат користени автомобили со штелувана километража, објави Хрватскиот автоклуб.

Првата пресуда паднала во Вировитица каде на 16 јануари 2020 година, Општинскиот суд пресуди едногодишна затворска казна. Истата ќе стане активна ако обвинетиот во наредните три години изврши друго кривично дело.

Според пресудата, обвинетиот прво огласил за продажба автомобилот Audi A4 2.0 TDI за 5.500 евра, спуштајќи ја километражата на 250.000, иако знаел дека автомобилот поминал повеќе од 300.000 километри,  потоа и го продал. Судот утврдил дека постојат две кривични дела- измама за која е предвидена затворска казна од 6 месеци до 5 години, како и за фалсификување на исправа.

Измамата била откриена по само четири дена по продажбата кога на колата се расипал прилично скап дел, па клопето почнало да се одмотува.

Наредната пресуда исто така е во Вировитица, и условна, но измамникот нема да смее да направи ново кривично дело во наредната година птри што како олеснителна околност му била претходната неосудуваност.

Во овој случај сопственик на автомобилот Renault Clio 1,5 DCI од 2007 година го продал за 3.550 евра, со поминати 182.000 километри, колку што покажувала километражата по штелувањето на реалната од најмалку 297.000 километри.

Според судот, измамениот (64) од Вировитица на Фејсбук ја видел понудата, во која продавачот напишал дека автомобилот не е увезен, дека е првиот сопственик, дека автомобилот има нови гуми и дека никогаш не бил удрен, како и дека поминал 173.000 километри со регистрација до септември 2019. Речиси два месеци по продажбата на „реното“, кое поминало на технички преглед, новиот сопственик почнал да слуша тропање во моторот па му се јавил на продавачот, кој му ветил дека ќе му набави „голф“, но ќе тебало да доплати.

Откако измамникот не нашол соодветна замена, оштетниот одлучил да го продаде „клиото“ и го понудил на замена во автосалон во Бјеловар. Таму провериле и откриле дека вистинската километража на последниот технички преглед била 293.060 километри.

Тие одбиле да го купат, па измамениот му се јавил на продавачот и барал да му се вратат парите, но тој му рекол дека не е негов автомобилот и дека не го познава.

Откако сопственикот на „клиото“ поднел тужба, измамникот се јавил самиот и му понудил да ја повлече тужбата и да му ги врати парите. Измамениот се согласил, но побарал и добил 100 евра повеќе бидејќи нарачал нов мотор и дополнителни 50 евра за замена на масло и филтри.

Треба да знаете
Последни објави