Прегазен пешак во Куманово

На 05.03.2020 околу 18.25 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.С.Ц.(44) од Куманово, удрило во пешак В.Н.(67) од Куманово. Во незгодата, В.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави