Почнуваат активностите за зголемување на јавната свест за значењето на водата

ЈП Водовод и канализација – Скопје, како општествено одговорна компанија го посветува месец март на активности по повод одбележување на Светскиот Ден на водата, 22 март. Во однос на ова започнувајки од 10 до 23 март организира низа активности со цел зголемување на јавната свест за значењето на водата. Активностите коишто ќе се спроведуваат во овој период, ќе придонесат за зголемување на јавната свест за заштита на водата од загадување и неправилна и неконтролирана употреба како и за заштита на животната средина, воопшто.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја изразува својата благодарност до своите пријатели,соработници,  поддржувачи на овие активности: Град Скопје, општините и основните училишта на територија на град Скопје, Пакомак, СОС Детско Село, Националната Установа Театар за деца и младинци, Н.У. Театар КОМЕДИЈА, Националната Опера и Балет, Литература.мк и многу други.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави