Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми Март во општина Бутел

В понеделник,  од 8,00 ч. во административната зграда на Општина Бутел, по повод 8 март, ќе се одржи целодневната манифестација: ,,Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми Март,,.
Градоначалникот Велимир Смилевски во партнерство со невладината организација АЛ-МА од Скопје и оваа година ќе организира еден поинаков 8-ми март. Целта е да се зголеми свеста за континуирана заштита на  здравјето на жената и здравјето на семејството.
Всушност, станува збор за специјалистички прегледи за сите жени од администрацијата на Општина Бутел и тоа: тумор маркери, физички прегледи на гради, проверка на шеќер и маснотии во крвта. Прегледите ќе траат од 8,00-9,00 ч.
Потоа ќе се одржи предавањето на тема: Важноста на самопрегледите на жените, редовното правење на ЕХО прегледите, мамографски прегледи на дојка и ПАП тестови за раното откривање на канцер.

Треба да знаете
Последни објави