Search

Бројот на заразени со коронавирус во Словенија се зголеми на шест

Словенечките здравствени власти соопштија дека се потврдени уште три нови случаи на коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени лица се зголеми на шест.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, последниот инфицирани е 32-годишен маж, кој сам се пријавил во болницата во Марибор и на никаков начин не е поврзан со претходно заразените.

Тројцата заразени мажи кои беа заедно на патување во Мароко се во добра здравствена состојба.

Меѓу заразените има и маж и жена кои заедно биле на патување во Северна Италија и се претпоставува дека таму се заразиле.

Треба да знаете
Последни објави